Свет

(Видео) Десетици илјади на улиците, блокиран патот кон Тел Авив: се пробиваат барикадите, полицијата излезе на коњи: ‘Нема повеќе време!’

Десетици илјади луѓе се собраа низ Израел откако израелските војници пронајдоа тела на шест заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.

Демонстрантите – многумина обвиени со израелски знамиња – се собраа во Тел Авив, Ерусалим и други градови, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада дека не направиле доволно за да постигнат договор за ослободување на преостанатите заложници кои Хамас ги киднапираше за време на нападот на 7 октомври.

Притоа беа пробиени полициските барикади, а блокиран е и главниот автопат кој води кон Тел Авив. Сето тоа доаѓа кога најголемиот израелски синдикат, Хистадрут, повика на национален генерален штрајк во понеделник, барајќи од владата на премиерот Нетанјаху поефикасно да се ангажира за договор за преостанатите заложници на Хамас.

Потсетуваме дека израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека шест тела биле пронајдени во саботата во подземен тунел во областа Рафа во јужна Газа. ИД тврдеше дека тие биле убиени непосредно пред нивните војници да стигнат до нив. Сето ова иницираше масовни протести во неделата, при што толпата ја обвини владата и лично Нетанјаху.

На почеток