Свет

Вооружен маж упаднал во болница во Загреб, полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот

Маж со пиштол влегол во просториите на болницата Ребро во Загреб, јавуваат хрватските медиуми, нагласувајќи дека болницата е под опсада.

На местото веднаш излегла специјалната единица на хрватската полиција задолжена за преговори, а според последните, се уште непотврдени информации, мажот се предал.

Хрватските медиуми објавија дека најверојатно се работи за пациент од таа болница кој не е задоволен од лекувањето. На видеото кое го објавија медиумите се гледа дека тој со патерици во рацете влегува во зградата на болницата.

Влегол во т.н зелениот дел од болницата каде е сместено психијатриското одделение Ребра, од каде веднаш се евакуирани сите пациенти и медицинскиот персонал.

На почеток