(Видео) Пукање на парадата во Њујорк: Неколку ранети, се уште се трага по осомничениот
Шест лица се ранети во пукање на парадата на Денот на Западна Индија во Бруклин, Њујорк, каде се собрале голем број луѓе.
Се уште се трага по осомничениот напаѓач.
Во еден момент одекнале истрели, а присутните панично реагирале.
Како што пренесува New York Post, познато е дека едно лице е рането во главата, друго во рамото, а едно во зглобот.
Засега нема други детали за пукањето. Парадата на Денот на Западна Индија е карневалска прослава што се одржува секоја година во првиот понеделник во септември. Тоа е кулминација на еднонеделната прослава на карипската култура во САД.
5 struck in mass shooting along popular West Indian Day Festival parade route in NYC pic.twitter.com/6aRRKreaZ0
— Simo saadi🇲🇦🇵🇸🇺🇸 (@Simo7809957085) September 2, 2024