Амбасадата на САД во Македонија: Ако останете во Соединетите држави подолго од траењето на визата, можете да добиете трајна забрана за патување

Од
Објавено на

Амбасадата на САД во Македонија ги предупреди дека ако останат во Соединетите држави подолго од траењето на визата – можат да добијат и трајна забрана.
„Ако престојувате подолго отколку што е пропишано на вашата американска виза, може да се соочите со трајна забрана за патување во Соединетите Држави. Конзуларните службеници имаат целосен пристап до вашата историја на имиграција и ќе знаат за прекршувањата од минатото. Не постои такво нешто како „ненамерна грешка“ – ваша одговорност е правилно да ја користите вашата виза“, велат од Амбасадата на САД во Македонија.
