Манев за убиствата на Вања и Панче: Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари, така се роди идејата за грабнување


Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски. Тој раскажа како дошле до идеја за грабнување.
„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармацевт. Имавме намера да грабнеме едно лице“, рече Манев.
Тој се бранеше дека не би учествувал во грабнувањата ако знаел дека Палевски има пиштол. Но истовремено, вели и: „Имаше моменти кога сакав да се откажам, но два пати ми повтори дека ќе ми ја убие фамилијата пред мене“
„Да знаев дека Палевски носи пиштол немаше да бидам тука, рече Велибор Мане.
Тој раскажа и како со каратистот Боре Видевски купиле WD-40 средство, за да бришат траги.
„Неколку дена подоцна купивме WD 40 спреј и ракавици. Јас и Боре отидовме во куќата на Панче Жежовски сакавме да бришеме евентуално ако има траги. Но не можевме да ја отвориме вратата“, вели Манев.
За комуникација при спроведување на грабнувањата и убиствата, посочи дека користеле мотороли, а не телефони. Според него, единствен кој имал уред со него бил Палевски, но не знае кој број го користел. Според Манев, телефонот му бил за да ја слика Вања и да изнуди пари.
