Свет

Девојче повредено во судир на два брода на Халкидики

Девојче (13) е повредено во судир на брод што се случи синоќа на Халкидики.

Според грчките медиуми, инцидентот се случил во близина на Ормос Панагија на источниот брег на Ситонија.

Девојка од Романија, која била на изнајмен чамец, е повредена по судир со друг пловен објект кој пловел под грчко знаме.

Пристанишната управа на Јерисос по инцидентот била мобилизирана и ја презела девојката која се здобила со повреда на ногата.

После тоа, со возило на Итна медицинска помош била префрлена во болницата во Солун на дополнителни прегледи.

Несреќата е под истрага.

На почеток