Македонија

Поради намалената видливост во Мариово, употребата на хеликоптер не е возможна, информираше Ангелов

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 27 пожари, од нив 4 се активни, 2 се ставени под конторола, а 21 се целосно изгаснати, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

,,Денес рано наутро на местото на пожарот во прилепско Мариово пристигнаа 25 полициски тигри, 70 припадници на македонската армија, 40 вработени во Национални шуми, како и повеќе од 60 пожарникари. За жал поради намалената видливост, употребата на хеликоптер не е возможна.”, вели Ангелов.

Покрај пожарот на територијата на прилепско Мариово, активни пожари има и во Општина Чашка, Општина Чучер Сандево и пожарот на територијата на Општина Долнени.

Ангелов апелираше до сите граѓаните да бидат внимателни.

На почеток