Се подобри односите меѓу Русија и Кина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со кинескиот потпретседател Хан Женг на маргините на Источниот економски форум во Владивосток и рече дека односите меѓу Москва и Пекинг достигнаа рекордно високо ниво.
„Благодарение на заедничките напори, односите меѓу Кина и Русија достигнаа невидено високо ниво. Исто така, придаваме големо значење на меѓурегионалната соработка, се надевам дека за време на денешните состаноци и утрешната заедничка работа на Источниот економски форум, ќе можеме да истражуваме и да најдеме нови области на соработка“, рече Путин.
Тој исто така потсети дека руската страна го чека кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на БРИКС во Казан оваа есен и предложи да се одржи билатерална средба со него, пренесува РИА Новости.
Источниот економски форум се одржува од 3 до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосток.
