Свет

Драма на летот за Грција: Пијан маж се обидел да ја преземе контролата над авионот, патниците се бореле со него за да го совладаат

Драма на аеродромот во Манчестер: полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот бил „неук“ и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.

Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен, а инцидентот се случил во вторникот вечерта.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот Сан.

При слетувањето во Минхен го пречекала германската полиција и го уапсила, а патниците ноќта ја поминале во хотели.

Еден од патниците рекол дека персоналот на летот се однесувал многу добро, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.

Од компанијата „Изи Џет“ велат дека ваквите инциденти се ретки и дека не трпат недолично или заканувачки однесување.

На почеток