Мицкоски за Арсовска: Не се карам, решавањето на проблемот со превозот е во раце на Градот и ЈСП, ако се купат автобуси ќе стигнат догодина
“Јас не се карам со никого”, рече премиерот Христијан Мицкоски, на констатација од новинар дека тој и скопската градоначалничка Данела Арсовска се расправаат наместо да се набават автобуси за жителите.
“Ги повикуваме да аплицираат на повикот. Набавката на автобуси можеби не претставува проблем. На состанокот со Арсовска очекувавме да чуеме план. Рековме дека ќе ги поддржиме програмите, ги подддржавме. Иако не веруваме дека ќе допринесат нешто позитивно. Денеска да почнеме процес на набавка на автобуси за Скопје, ќе бидат испорачани следната година”, рече Мицкоски.
Според него, тие биле конструктивни како партија.
“Ние стоиме на располагање да чуеме план, а ако е планот: гладајте за кредит, за да ги добиеме за догодина”, тоа не го решава проблемот бидејќи ќе стигнат догодина”, рече Мицкоски.
Според него, со наменско трошење на средствста кои ЈСП ги добива од Град Скопје, се решава проблемот.
“Тоа е во рацете на менаџментот на ЈСП и Градот Скопје”, додаде тој.
На констатацијата дека набавка на 250 автобуси, тој рече дека: “Да размислуваме како Влада за да направиме пакет за сите општини кои имаат потреба од јавен градски превоз. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, тогаш на другите им требаат уште 250. Овие прашања ќе бидат решени”.