Свет

Пронајдено телото на рударот кој загина во рудник кај Врање

Телото на рударот Славиша Цветковиќ (73) од Лебан, кој загина во рудникот Грот кај Врање, е пронајдено вечерва.

Основното јавно обвинителство Врање нареди обдукција. Се очекува и извештајот од рударската инспекција.

Рударот загина при пробивање на ограничувачот во една од јамите, на длабочина од неколку стотици метри.

Во моментот на несреќата тој управувал работна машина.

Според информациите, телото на рударот било пронајдено на хоризонтот осум.

Инаку, во последните неколку години, на почетокот на есента, во рудникот Грот се случија неколку несреќи со смртен исход.

На почеток