Магазин

(Видео) Со хорска изведба на „Погледај дом свој анџеле“ – Бора Чорба погребан во Чачак

На градските гробишта во Чачак, со песната „Погледај дом свој анџеле“, вчера беше погребан фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ.

Меѓу неколкуте илјади луѓе, членови на семејството, другари, пријатели, колеги и почитувачи на ликот и делото на Бора Ѓорѓевиќ беа и Момчило Бајагиќ Бајага, Воислав Коштуница, Сергеј Трифуновиќ…

Врз ковчегот беше ставен голем венец со бели ружи, како и венец од цвеќе во форма на две вкрстени гитари од Градот Чачак и шал на Црвена звезда.

Пред погребот се одржа и Комеморативна седница во Културниот центар во Чачак.

Сестрата на Бора Ѓорѓевиќ, популарната етно пејачка Билјана Крстиќ, не се појави на вчерашната комеморација и погреб на нејзиниот брат.

Пејачката била спречена да дојде, но неколку часа по погребот му посветила објава на својот брат.

Биља го нарекува Бора со посебен прекар, кој потекнува од периодот на групата „Сунцокрет“ – Милиша.

На почеток