Русија го нападна Суми во текот на ноќта: Две лица загинаа, меѓу повредените има и деца
Две лица загинаа, а четворица се повредени во ноќен руски воздушен напад врз Суми, соопшти утринава воената управа на тој североисточен украински регион.
Меѓу повредените има и две деца, а оштетени се и неколку станбени куќи и автомобили, објави воената управа на апликацијата за пораки Телеграм.
Ројтерс не може самостојно да ги потврди извештаите, а засега нема коментар за нападот од руска страна.
Регионот Суми, кој граничи со Русија, е предмет на чести напади на руските сили. Москва негира дека е насочена кон цивили, но тврди дека нејзините напади се насочени кон уништување на украинската инфраструктура, која е клучна за воените напори на Киев, пишува Ројтерс, пренесува Хина.