Свет

Израел изврши напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Израелските воени авиони ја нападнаа Сирија по нападот на припоениот Голан

Во синоќешните израелски напади врз неколку области во централна Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети и предизвикани се пожари, јавија сириските државни медиуми.

Во тие напади, Израел целеше голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнаа и соборија некои од нив, објави новинската агенција САНА.

Најмалку 19 ранети лица, од кои тројца се во критична состојба, се пренесени во државната болница Масјаф во западната провинција Хама, како и телата на петмина загинати, изјави началникот на болницата Фајсал Хајдар.

Сириската опсерваторија за човекови права, организација со седиште во Обединетото Кралство, која известува за ситуацијата во Сирија, рече дека еден од нападите бил насочен кон научно-истражувачки центар во Масјаф, а други целни локации биле „ирански милиции и експерти стационирани да развиваат оружје во во Сирија“, пренесува АП.

Израелската армија се уште не ги коментира овие наводи.

Израел со години извршува напади врз цели во Сирија за кои тврди дека се поврзани со Иран, а од почетокот на војната со Хамас овие напади се интензивираа.

На почеток