Тешка сообраќајка во Хрватска: Бегајќи од полиција комбе излеталo од патот, десет лица се повредени
Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во бандера.
Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата.
Според медиумите, полициски службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот во ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички.
Тие со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го спречат за контрола, но возачот ги игнорирал наредбите на полицијата и продолжил да вози зголемувајќи ја брзината. За минута или две во куќата број 141 во Малин, тој излетал од патот и удрил во столб од улично светло.
Повредените се пренесени во Општата болница во Славонски Брод и Нова Градишка.