Поради беспилотни летала, привремено е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Стокхолм
Од
Објавено на
Поради забележани беспилотни летала во текот на ноќта, привремено е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот Арланда во Стокхолм, соопшти шведската полиција.
Персоналот во контролната кула го вклучила алармот кога здогледала четири дронови над аеродромот.
Неколку летови се пренасочени кон други дестинации, пренесува Афтонбладет.
Покрената е истрага за можна саботажа на аеродромот, се наведува во соопштението на шведската полиција.
Сообраќајот на Арланда, најголемиот аеродром во Шведска, бил запрен околу 23:00 часот и е обновен подоцна околу 01:30 часот, се прецизира во соопштението.