Спорт

Кикбоксерот Илиоски чија куќа беше каменувана: Обвинет сум за нешто што не сум го направил, секој ќе одговара за своите постапки

Седум дена по инцидентот кога беше каменувана куќата на кикбоксерот Бобанчо Илиоски, тој се огласи на социјалните мрежи. Се заблагодари за поддршката, а посочи дека неговата верзија за тоа што се случило ќе ја каже по расчистување на случајот. Дециден е дека не сакал да го оцрни образот на клубот и тренерите, па додаде дека секој ќе одговара за постапките.

„Постојат многу верзии од случката, но вистината ќе искочи на виделина после расчистување на случајот, и до тогаш не коментирам за ништо во врска со тоа, се додека надлежните органи не дозволат да дадам изјава во врска со истото. Сакам да напоменам дека немав намера да го оцрнам образот на моите тренери, мојот клуб, мојата држава и титулите кои ги носам, а најмалку од сѐ сакав да бидам во ситуација каква што бев. Без разлика за тоа што сум обвинет (за нешто што не сум го направил), верувам дека правдата ќе излезе на виделина и секој ќе одговара за своите постапки. Моментално се спремам за мојот следен предизвик, ви благодарам за поддршката“, објави Илиоски.

Претходно, „Скопје1“ објави дека била каменувана куќата на Илиоски.

Каменувана куќата на македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски: три лица во болница

На почеток