🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Филипче: Мицкоски едно нуди, сосема спротивно прави, не се чесни неговите намери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5169

„Се што понуди премиерот пред два дена е дијаметрално спротивно на политиките кои ги води, се залага за департизација, а тоа што сега се случува во институциите е целосна партизација“, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во Струмица, во одговор на новинарско прашање во врска со платформата за 10 принципи за заедништво и сплотеност што ја понуди Мицкоски.

— реклама —

Филипче потенцираше дека наместо департизацја во моментов се назначуваат луѓе само по партиска основа, а тие кои припаѓаат на друг политички субјект или се преместуваат или се деградираат и се преместуваат на работа во други градови.

Во одговорот на прашањето, Филипче потенцираше дека нема поместувања ниту во борбата против корупција.

— реклама —

„Гледаме дека најавата за борба против корупција, криминал, неправилности во работата за жал е само најава, и тоа селективна. Премиерот не се грижи за тоа како се однесуваат неговите соработници и очигледно правејќи престапи на многу нивоа. Ние за тоа ја запознавме јавноста во изминатиов период“, рече Филипче.

Воедно, Филипче во одговоротпосочи дека во моментов нема некаков напредок на земјата.

„Не гледаме ниту еден чекор со кој се обезбедува идниот напредок на земјата во однос на евроинтегративниот процес. Во таа смисла ние како партија сме целосно посветени на напредокот на државата и можеме и сакаме да разговараме со секој кој има искрени намери и кој што има навистина вистинска работа. Не веруваме во овој момент ниту пак гледаме дека ВМРО ДПМНЕ има чесни намери во понудата за соработка. Сметаме дека тоа е само понуда да се обезбеди партнер за да поминат нивни теснопартиски или лични интереси“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Коментари | пред 17 часа

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски да не се заканува, нека ја потише Резолуцијата

Македонија | пред 6 дена

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Македонија | пред 6 дена

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања