Промени тема
Контакт

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот состанок со коалициските партии доби целосна поддршка од нив за Резолуцијата на СДСМ за спречување на влез на мигранти од трети земји во Македонија.

На состанокот, кој се одржа попладнево во седиштето на СДСМ, се разговараше за сериозноста на состојбата со која е соочена државата, а секој од коалициските партнери даде свое мислење.

— реклама —

„Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве, гледаме дека првите мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог-Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање мигранти и, секако, дадоа и свои конструктивни предлози“, рече Филипче.

— реклама —

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека позадината на владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.

— реклама —

„На сите им е кристално јасна позадината, ние сме решени заедно да се бориме. И ова е силна порака – кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што Резолуцијата не е партиско решение, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања