(Видео) Еруптираше вулканот Ебеко во Русија
Вулканот Ебеко, кој се наоѓа на северниот Курилски остров Парамушир, утринава исфрли пепел на височина од 2,5 километри надморска височина.
Според соопштението, облакот од пепел се проширил на растојание од повеќе од 5 километри во североисточен правец од вулканот, пренесува Интерфакс Русија.
Наведено е и дека во градот Северо-Курилск, единственото населено место на северните Курилски острови, не е забележано дека се чувствува мирис на водород сулфид и немало повици или поплаки од населението.
Во околината на вулканот нема меѓународни воздушни линии, а на подрачјето на вулканот нема регистрирани туристички групи, се наведува во соопштението.
Вулканот Ебеко (висина 1156 m) е сложен стратовулкан со неколку кратери лоциран на седум километри од Северо-Курилск на гребенот Вернадски.
Вулканот редовно исфрла пепел од октомври 2016 година.
На вершине наблюдали лавовую пробку и много серы, которая испарялась и издавала характерный аромат
Дышать тяжело, через 10 минут уже щиплет глаза и появляется неприятный привкус во рту pic.twitter.com/fKUKFu2UBd— elloon_exile (@ElloonExile) September 11, 2024