Само една фирма заинтересирана за да инсталира станица за компримиран воздух во хируршките сали
Од
Објавено на
,,Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: “Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух”, денес,12.09., изврши јавно отворање преку ЕСЈН.
Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка.”, соопштија од Министерството за здравство.