Македонија

Пет месечно бебе и четири годишник се заразени со голема кашлица во Скопје

Големата кашлица повторно зема замав. Два случаи се евидентирани од 10 ти до 16 ти јануари. Се работи за деца од Скопје, едното пет месечно и невакцинирано, а второто на возраст од четири години, комплетно вакцинирано.

Двете деца се амбулантски лекувани, информираа од Институтот за јавно здравје.

Претходните седум дена немало ниту еден случај на голема кашлица.

Од 27 декември до 2 јануари беше пријавен еден случај на голема кашлица, кога Институтот информираше дека детето се лекува болнички, има два месеца, невакцинирано затоа што не ја достигнало возраста за вакцинација.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територија на државата регистрирани се вкупно 1.176 лица заболени од голема кашлица.

На почеток