Македонија

Кај 22-годишник од тетовтско пронајдени 107 гранки канабис

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата е поведена бидејќи полициски службеници на 9 септември кај осомничениот во селото Јажинце пронашле 107 гранки со лисја и вршунки во делумно свежа состојба од растението канабис сатива.

До судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставен е предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

На почеток