Обвинителите денеска ќе треба да соопштат дали ќе го продолжат притворот за сите 17 осомничени за дискотеката


Вечерва истекува краткотрајниот притвор за 14 од лицата кои беа приведени како осомничени, по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица, а речеси 200 се повредени. Меѓу нив се сопственикот на дискотеката, членови на обезбедувањето на дискотеката, одговорни лица од неа, а кои се осомничени за случувањата со пожарот.
Статус на осомничени имаат и ексминистерот за економија Крешник Бектеши, ексдиректорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски, ексдржавната советничка во Министерството за економија, вработени во МВР, вработени во Пазарен инспекторат, лицето кое го изработило проектот без да се исполнат условите и овозможило да има дискотеката во тој објект, а кои се сомничат за постапување или непостапување со што дозволиле објектот да работи – без да ги исполни основните критериуми за работа.
Од Обвинителството, по истекување на 48 часовниот притвор, можат да побараат
„Во однос на продолжување ќе ве известам кога ќе имам прецизна информација“, велат од Обвинителството, кои посочуваат дека 17 лица се осомничени.
Досега со 71 лице е извршен разговор, меѓу нив се и преживеаните.
Мерката притвр е со цел обезбедување на присуство на осомничените, да се елиминира опасноста од бегство, да не се влијае на други сведоци и да не се уништуваат докази.
Вчера, беа завршија форензичките испитувања во дискотеката. Сите траги ќе бидат анализирани и проверувани од вештаци.
