Крмзов без пасош, ќе се тресат институции, Мицкоски најави „тресење“ и во наредните месеци за украдени државни пари
Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов останал без патна исправа и треба да се јавува повремено во суд, откако против него УЈП поднесе пријава до МВР, а потоа полицијата до Обвинителството. Предистрагата води и кон проверка на работата на три институции како Централен регистар, УЈП и Царина. Сомневањата се дека е направен финансиски криминал со ДДВ, увоз на стоки, формирани фирми каде сопственици се странци.
Според премиерот Христијан Мицкоски, во оваа истрага ќе се открие епски голем криминал, според информациите кои ги добил од институциите кои се под владини ингеренции. Ова нема да биде единствената, ќе следуваат и други проверки.
„Истрагата ќе биде епски голема. Со епски голем криминал. Ова е една од истрагите, други ќе следува во октомври, ноември“, рече Мицкоски.
Познато е дека истрагата води кон повеќе стручки компании. Нема одговор на прашањето, дали во овие фирми легнувале и пари од Еуростандард банка, како што споменуваат повеќе медиуми, кои пак средства завршувале во странство.
Во тек се проверки, а од компаниите се одземени куп документација.