Македонија

Мицкоски: Европа и светот видоа која е вистинската намера на Софија

Мицкоски најави нови проекти: Изградба на градинки, локални патишта, училишта, амбуланти, спортски сали во 15 општини

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.

„Во минатото кога се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма не се реагираше. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, и нема да имаме дипломатска политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија, треба да се реагира. Она што е поважно за мене Европа и светот можеа да видат кои се вистинските намери на водството на Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав. Таму многу поголема е потребата да покажат мускули. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но тогаш кога се поминат црвените линии, мора да интервенираме како што е тоа случај сега кога ќе му биде врачена протестна нота на амбасадорот на нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

На почеток