Мицкоски дециден дека никој не коленичи кај ДУИ: Таквите времиња се минати
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека никој од ВМРО-ДПМНЕ не коленичи пред ДУИ, откако пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, кажа дека секој втор ден висок функционер оди во Мала Речица.
„Фројд работи кај луѓето и потсвеста се проектира кај другите. Ако тој мисли дека оние моменти кога раководството на СДСМ коленичеше во Речица, кога молчеше кога министрите во Речица си играа фудбалчиња и ги понижуваа граѓаните, кога тој приведуваше а преку вечер тие што ги приведуваше мораше да ги ослободи – се лаже. Такви времиња се одамна минати. Тие политики се поразени“, рече Мицкоски.
Според него, Спасовски е политички медиокритет, кој е во неговото политичко мочуриште, додека тие работат за подобри услови и стандард за сите.