Универзитетите може да добијат и клуч на врата – Мицкоски е спремен да го реформира високото образование
Не е исклучено затворање на универзитети кои работеле спротивно на законите, како дел од реформата во високото образование. Ваков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека компаниите сакаат компентени кадри. Според него, не е важно дали се државни или приватни универзтите, туку ќе бидат опфатени сите кои не работат согласно законите.
„Сакам да зборувам за озбилни реформи во високото образование, кога некои универзитети кои работеле спротивно на законот, да одговараат тие личности како што се ректорите кои ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. И се поставува прашањето дали ни се потребни реформи во високото образование, со тоа што тие универзитети кои не ги исполнуваат критериумите, треба да се затворат“, вели Мицкоски.
Тој додаде: „Ни требаат стручни кадри, компентентни. Таму нема Албанци или Македонци, туку дали зборуваш македонски, шпански.. Ако не те бива, ене ти ја вратата, ајде, ‘раус’“, додаде Мицкоски.