(Видео) Се поголема паника во Чешка: невидена драма, Дунав уште повеќе зема замав
Полицијата во Долна Австрија објави уште две смртни случаи.
Две постари лица на возраст од 70 и 80 години поради поплавата останаа заробени во своите куќи. И двајцата загинаа во Св. Полтен.
Pozor‼️ Most v ulici Pekařská přes řeku Opavu uzavřen jak pro pěší, tak pro auta. Zbytečně tu nechoďte a nejezděte.#Opava #OpavaKateřinky #Povodeň2024 #Povodeň pic.twitter.com/dIRusvuflv
— Miroslav Puchalter (@MiraOpavak) September 16, 2024
Едно лице загина, а седум се водат за исчезнати во Чешка по поплавите предизвикани од бурата Борис, се вели во новиот извештај што чешката полиција го објави во понеделник наутро.
„За жал, имаме една жена која се удави во реката Красовка кај Брунтал (североисточно)“, додека полицијата „евидентира вкупно седум исчезнати лица“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек.
Повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани во Чешка, изјави премиерот Петр Фиала во неделата навечер на Х, свикајќи итен состанок на владата за понеделник.
Во Чешка бран на вода на реката Морава стигна до Литовел, речиси 200 километри источно од Прага, и поплави цели улици, јави новинската агенција ЧТК.
Градоначалникот на социјалните мрежи предупреди: „Во следните неколку часа очекуваме дополнително зголемување на водостојот на реката“.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024