Македонија

Филков – Оцука: Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави

,,Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители , владеењето на правото и борбата против корупцијата.
На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји.

Од страна на Амбасадорот Оцука беа посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем за кои со министерот се согласија дека се потребни брзи и итни реформи. Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа.
Оваа година се навршуваат 30 години од билатералната соработка на нашата држава со Јапонија. Предвидено е во наредниот период таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото.”, информираат од Министерството за правда.

На почеток