Министерот Филков на средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов и претставници од Програмската канцеларија на Совет на Европа.
На средбата се дискутираше за соработката на Министерството за правда за проектите кои се имплементираат во рамките на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, а се поврзани со работата на Министерството за правда.
Министерот за правда изрази подготвеност да се продолжи со интензивна соработка во областа на бесплатната правна помош, зајакнување на капацитетите на затворскиот систем, слободата на изразување и медиумите, борбата против трговијата со луѓе, економскиот криминал , борбата против говорот на омраза, нетолеранцијата и дискриминацијата.
Министерот истакна дека соработката и поддршката на Советот на Европа е исклучително важна и значајна , сите области ќе бидат опфатени подеднакво и ќе се пристапи со заедничка соработка за успешно реализирање.