Министерот Филков: Секој што потфрлил за трагедијата во Кочани -ќе одговара

Од
Објавено на

Министерот за правда Игор Филков, изрази најдлабоко сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани и виновнин во оваа трагедија, во која според последните информации загинаа 51 лице и има многу повредени лица.
„Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност! Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара.Ова не смее да се повтори никогаш повеќе! Нека почиваат во мир овие млади души“, вели Игор Филков,министер за правда.
