Македонија

Девет обвинители работат на предметот за катастрофата во Кочани – ќе се вештачат компјутери од Министерството за економија

„Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат:

– 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
– 2 јавни обвинители од ОЈО Штип
– 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје

Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.

Увидот на лице место денеска продолжува“, велат од Обвинителството

На почеток