Сите 59 тела се донесени во Институтот за судска медицина: се работи етапно

Од
Објавено на

Сите 59 тела се донесени во Институтот за судска медицина, каде се врши обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.
„Етапно работиме, работиме најбрзо што можеме, за да може блиските да си ги подигнат телата на жртвите“, рече директорот на Институтот, Александар Станковски.
Вчера по кратки тензии пред болницата во Кочани, телата беа транспортирани за Скопје. Резултатите од обдукцијата ќе треба да послужат и за натамошното гонење на осомничените односно обвинетите за настанот.
