Македонија

Амбасадорката Агелер понуди помош во име на САД по трагедијата во Кочани каде загинаа 51 лице

Амбасадорката Агелер изрази сочувство за трагедијата во Кочани и понуди помош Ангела Агелер, амбасадорката на САД во земјава , изрази најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Таа во име на САД му понуди помош на премиерот Мицкоски.

„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христијан Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес“, напиша Агелер на социјалните мрежи.

На почеток