Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Од
Објавено на

Министерството за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.
Министерот Панче Тошковски донесе одлука за разрешување на:
-началникот на секторот за внатрешни работи во Штип,
-помошникот началник на СВР Штип,
-началникот во одделението за полиција Штип,
-началникот на одделението за криминалистичка полиција на одделението за внатрешни работи во Кочани,
-командирот на полицијата за општа надлежност во Кочани,
-началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.
