Во четврток ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани

Од
Објавено на

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека погребот на 59 те загинати во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток, 20 март.
Времето ќе биде објавено дополнително.
„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.
