(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката


Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.
Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.
„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.
View this post on Instagram
