Тошковски: Има основи дека незаконито и паушално, биле изготвувани документи за работа на клуб кабарето


Сите 59 загинати лица во дискотеката Пулс во Кочани се идентификувани и завршена е обдукцијата, има 196 повредени од кои 20 се деца, рече на прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Од нив, 93 се лекуваат на клиниките во Скопје, а 80 во болници во странство.
Приведени се 18 лица за трагедијата, задржани се 16, за дела против општата сигурност. Меѓу нив е и потписникот на издавање документ за работа на Кабаре клубот.
„Незаконито и паушално изготвени се круцијални документи за работа на клубот.Со 71 лице се извршени разговори, за 14 лица одреден е притвор од 48 часа”, рече Тошковски.
Пред ова од Обвинителството имаше информација за 16 приведени и министерот се огради дали има плус двајца приведени од неговата информација.
Тошковски информираше дека се извршени претресо кај две лица вработени во Министерството за економија, управител на објектот, надлежни влегоа и во општината Кочани за обезбедување на документи за дискотеката, потоа и кај државен советник во Министерството.
Разрешени се раководни лица од СВР Штип и ОВР Кочани и заменети се со лица од Скопје.
Според министерот ова не значи дека се виновни, но заради непристрасно работење и расчистување на случајот се разрешени.
Министерот информираше дека истражните органи откриле дека во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани, се наоѓал склад за гориво. Резервоарот бил сместен во соседен објект и бил идентификуван од страна на полициската крим-техника.Резервоарот бил вкопан во земја но бил празен. Сопственикот на бензинската пумпа не е поврзан со сопственичката структура на дискотека.
Полицијата вечерта постапувала по оперативен план за откривање дрога и присуство на малолетници во дискотеката.
