Македонија

Во тек е акција за пожарот во дискотеката во Кочани, нема одговор дали е уапсен и градоначалникот Папазов

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето, дали е приведен градоначалников Љупчо Папазов.

Досега се уапсени 16 лица, под сомнение дека допринеле со постапување или непостапување дискотеката да функционира, како и лицата кои се сомничат дека имаат директна одговорност критичната вечер. Последно, освен овие 16 лица, уапсени се и седум полициски началници и полицајци.

На почеток