Уапсен градоначалникот Папазов, но и двајцата негови претходници


Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници.
Уапсен е и неговиот претходник, Николчо Илијев, во чие време функционирала дискотеката. Според неофицијалните информации, уапсен е и Ратко Димитровски, кој пак беше градоначалник се до 2017 година.
Од институциите – молк. Штуро соопштение има од Обвинителството, кои посочуваат дека имаат акција. Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, кажа дека МВР има одврзани раце да апси секој што е поврзан со дискотеката во која загинаа 59 лица.
Дискотеката „Пулс“ од Кочани работела 12 години. За тоа време се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ.
