Портпаролка на Влада: Од 50 контролирани дискотеки и кабариња само 22 имале важечки лиценци

Од
Објавено на

Марија Митева, портпаролка на Владата, информираше за активностите на денешната владина седница.
Во изминатите два дена извршени се 50 контроли во угостителски објекти и тоа кабариња, диско клубови.
Државниот пазарен инспекторат од извршениот увид утврди дека лиценци поседуваат 22 објекта, а 15 се со истечена лиценца. Сите 22 објекти со важечка лиценца денеска се проверуваат, а за оние кои немаат лиценци или важноста им е истечена, изречена е мерка: Забрана за вршење дејност.
„Министерството за економија врши проверка дали кај издадените лиценци има архивски или други пропусти”, рече Митева.
