Апасиев: Гаши го крши деловникот со опструкциите на Законот за бранители
,,Сметаме дека во случајот со законот за бранители спикерот Гаши го крши новиот Деловник. Тука има два моменти: политички и правен.
Правниот момент е тоа дека Гаши еклатантно го крши новиот Деловник и нашиот правен тим размислува да му пушти кривична пријава за несовесно вршење на службата, односно пречекорување на дискрециони овластувања. Затоа што ако внимателно и граматички го читате новиот Деловник, можноста да не ја свика комисијата е само на претседателот на матичното тело, но не и на спикерот. Кај него има Jus cogens обврзувачка норма дека тој е должен да свика, доколку овој во 24 часа не ја свика комисијата и тука нема што да се толкува. Значи тоа е правната одговорност.
Додека политичката одговорност според нас е кај ДПМНЕ, затоа што со ова се покажува зошто не треба партија со двајца пратеници да има спикер. Затоа што за секое вакво чкрипење, вие ќе треба да одите на “бакни рака” кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници.
Впрочем затоа се донесе и новиот Деловник, за да нема одолговлекување на закони. Но, сега гледаме дека во дослух со спикерот, практично можете да филибастерингувате практично можете кој закон го сакате.
Точна се покажа, за жал, нашата теза дека во вакви ситуации, партијата со најголем број пратеници треба да го има спикерското столче токму поради вакви ситуации. Ние сметаме дека ова создава една правна пукнатина, којашто во иднина и те како ќе се злоупотребува, доколку помине несанкционирана.
Санкцијата треба да биде и од страна на Основното обвинителство, тоа е правната, и од страна на најголемата политичка партија или пратеничка група, а тоа е ДПМНЕ. Значи има два типа одговорност: тоа е правна и политичка одговорност. Ние ќе ја потераме правната но немаме инструменти за политичката, односно имаме, тоа е следна интерпелација – но чекаме да му се соберат повеќе прекршувања, па да поднесеме уште една интерпелација за Гаши.
Јасна е нормата, впрочем затоа се донесе и новиот Деловник, за да нема одолговлекување на закони. Но, сега гледаме дека во дослух со спикерот практично можете да филибастерингувате можете кој закон го сакате.
Илире Даути може да го толкува така Деловникот, затоа што таа можност е предвидена. Практично тоа беше проблем на претходниот Деловник. И тогаш кога претседател на матично работно тело нема да стави нешто на комисија, во тој случај немаше правен инструмент тоа нешто да се анулира. Но, сега има. И затоа велам таа може да оди лево-десно, но спикерот не може. Него му се врзани рацете и Деловникот вели: – Доколку е поминат рокот и законот не е ставен на комисија, во тој случај тој мора, нема избор сакам или не сакам, затоа што нормата е императивна. Во јавното право вие ги почитувате нормите коишто стојат во Деловникот.
И затоа одговорноста на Гаши е правна, а одговорноста на Илире може да е политичка, таа е опозиција, нејзе и одговара да го вози овој процес. Но, спикерот и те како има правна одговорност и затоа ние кај него ќе алудираме на правна одговорност, а политичката е кај најголемата политичка група на ДПМНЕ.”, вели Димитар Апасиев.