18-годишни момчиња фатени со дрога, кај малолетник пронајден боксирач
Од
Објавено на
Денеска (17.09.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(18) и В.Н.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Истовремено бил приведен и малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци по член 215 од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје