Свет

21 лице загина во поплавите во Европа: На Италија и се заканува силно невреме

Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите предизвикани од циклонот Борис во централна Европа, а сега силно невреме и се заканува на Италија.

Предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави се издадени во поголемиот дел од Италија.

Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, додека италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања. Рано утринава во јужната италијанска провинција Фоџа е пронајдено тело на пожарникар откако возилото со кое управувал било однесено од поплава, јавува денеска АНСА.

Пожарникарот бил член на тимот кој им помагал на мотоциклистите заглавени во невремето на автопатот меѓу Сан Северо и Торе Маџоре. На поплави во наредните денови предупредуваат и властите во Хрватска, Унгарија, Словачка и Полска.

На почеток