Села: Одлуката на Уставен за балансерот е погрешна и е наредба на Мицкоски
Зијадин Села, од Алијанса на Албанците, во „Претрес” со Кристијан Ландов ја коментираше одлуката на Уставен суд за замрзнување на вработувањата според балансерот до конечната одлука. Тој рече дека не е ова случајно сега.
„Ова е политичка наредба на премиерот Мицкоски. Одлуката е погрешна и не враќа назад во минатото бидејќи се укинува едно право. Да не треба да сме радосни за ова”, праша Села.
Посочи дека Собранието треба под итно за ова да расправа. Се заложи за Бадентер и во Уставниот суд. Ако некоја одлука се носи со двојно мнозинство во Собранието, со исто мнозинство треба да одлучуваат и уставните судии.
Ова практично, рече, значи дека треба да се преточи балансерот во закони за правична застапеност, тоа и во 2020 на избори го барале.
Ова нагласи е начин на живот а не само чувство.
„Јас сум од политичарите кои сметаат дека не треба во минатото да се гледа. Укинувајќи механизми значи се враќаме во минатото, затоа треба да се погледне некогаш во ретровизорот“, посочи Села.