Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Индонезија, има и загинти
Од
Објавено на
Во земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава во Индонезија, едно лице загина, а најмалку 82 се повредени, јави агенцијата ВНА.
Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри.
Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.
Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.
Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.
Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.