Свет

Две девојчиња загинаа на екскурзија во Италија: Мерцедес со полна брзина налета на група пешаци

Две девојчиња од Германија кои биле на екскурзија во Италија загинале кога на нив налетал мерцедес. Несреќата се случила во Лидо ди Камахоре во средата околу 19 часот.

Жена, која била зад воланот на мерцедес, налетала на група пешаци и убила две девојчиња од Германија. Девојчињата биле средношколки. Италијанската полиција се уште не објавила информации за нивниот идентитет.

Според надлежните, жената (44) наводно изгубила контрола над својот мерцедес кога се случила несреќата. Пред тоа со голема брзина поминала низ две црвени семафори, а потоа удрила во група пешаци.

Наводно, таа прво ги удрила девојките, а потоа и останатите пешаци, за на крајот да удри во неколку паркирани возила во близина на хотелот.

Според Анса, вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и возачот. Сите се пренесени во болница, а жената е уапсена.

Направен е и алкотест и нарко тест за да се провери дали е под дејство на алкохол или други супстанци.

Истрагата продолжува.

На почеток