На 09.03.2019 година во 05,00 часот на излез од Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ лицето Х.А.(21) од Р.Албанија приложило фалсификувана грчка лична карта.
По извршениот преглед, кај него пронајдена била албанска лична карта на негово име. Х.А. бил приведен поради сомнение за фалсификувана грчка лична карта и бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
