(Видео) Бугарија на нозе, се бара оставка од македонскиот министер Александар Николоски
Денеска лидерот на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Бојко Борисов е прашан за коментар на изјавата, рече дека за тоа има само еден еден одговор, а тоа е извинување и побара оставка од вицепремиерот Николоски.
„Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив, најдобронамерно, тоа не можам да го одречам. Навистина тие се од неодамна во Владата во Северна Македонија и работите околу протоколите не му се јасни на државниот протокол. Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив“, изјави Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.
Околу средбата со Сиљановска-Давкова, тој вели дека тие не треба да се одржуваат надвор од официјалните протоколи.
„Очигледно, пријателските средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, не треба да се остваруваат надвор од официјалното, ако се прават според протокол јасно да се каже што мисли едната или другата држава“, вели Борисов, пренедуваат бугарски медиуми.